Хрватските хостели пред банкрот: „Лага е дека доаѓаат туристи, нема жива душа“

Сопствениците на хостелите во Сплит со причина се загрижени. Иако пандемијата го запре доаѓањето на туристи, не ги запре и трошоците, а без гости, претприемачите се плашат за опстојување на нивните бизниси.
„Бевме отворени за време на цела корона, имавме неколку луѓе. Некои веќе имаат работни визи, некои дозвола за престој, тројца не можат да се врата дома поради затворените граници… Минатата недела дојдоа тројца Хрвати, овие денови еден од нив се враќа. Беа дури и две странки и една жена од Црна Гора. И, тоа е тоа“, рекла Дора Мишурац, сопственичка на сплитски хостел за „Слободна Далмација“, додавајќи дека таа бројка на луѓе не може да ги покрие ниту трошоците и дека не знае како ќе ја преживее сезоната.

 

View this post on Instagram

 

Pred tvojin vratima… 🎶🏛️💙 . . #splitcroatia #dioklecijanovapalača #najlipšigradnasvitu #skyisthelimit

A post shared by Angela Firizin (@firizin) on


„Откажано е сè што беше закажано за крајот на март, цел април и мај. Во јуни, јули и август имаше малку резервации. Сè уште имаме зимски цени од некои 10 евра за кревет, 15-20 евра за приватна соба. Не ги ставивме летните цени, но, како што разговарав со колегите, мислам дека тоа ќе оди надолу за некои 10-15 отсто“, навела Мишурац.
„Некои сопственици на хостели успеаја од втор, трет пат да ги спуштат цените, па сега плаќаат 20 или 30 отсто помалку. Можеби има и посреќни, со пониски цени, но јас не ги познавам“, навела Анета Чурин, сопственичка на два хостели во Сплит.
„На сопствениците на простор можеби им треба време да сфатат колку е лоша ситуацијата. Знам дека има многу туристички агенции во градот, на кои сопствениците на хостелите им ги намалуваат цените за престој за 50 отосто“, наведува Чурин за „Слободна Далмација“, истакнувајќи дека неизмерно ја нервираат медиумите со ‘пумпање на приказните за напливот на гости во Хрватска’.
„Сè е лага. Еве, овие денови го поминав цел Сплит. Никаде нема луѓе, нема жива душа“, заклучува Чурин, пренесува „Слободна Далмација“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.