четврток, 12 ноември 2026
Најново

Христодулидес: Кога би било можно, Кипар би аплицирал за НАТО „уште утре“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кипар повторно ги интензивира подготовките за можно членство во НАТО по нападот со дронови врз британска воена база на островот претходно оваа недела, јави ДПА.

– Кога би било можно, би поднеле апликација уште утре, изјави кипарскиот претседател Никос Христодулидес во интервју за грчката телевизија „Скај ТВ“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој рече дека земјата веќе прави подготовки за можно членство во Алијансата и дека се работи на воено, оперативно и административно ниво за Кипар да може да реагира „штом политичките услови го дозволат тоа“.

Христодулидес призна дека таков чекор засега не е можен поради долгогодишната позиција на Турција, членка на НАТО, која се спротивставува на пристапувањето на Кипар. За прием на нови членки во Алијансата е потребна едногласна одлука на сите членки.

Островот е поделен од Турската инвазија на Кипар во 1974 година. Анкара не ја признава Република Кипар и одбива да разговара за нејзино членство во НАТО.

Дебатата за евентуална апликација за членство беше поттикната од напад со дрон врз британската воена база во близина на пристанишниот град Лимасол.

Според британската Влада, причинета е помала штета на еден хангар, но инцидентот предизвика загриженост дека Кипар може да се најде во опасност од последици од војната со Иран.

Кипарските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, објавија дека дроновите веројатно биле лансирани од Либан.

Поврзани вести