Хуманитарен брод спаси 113 луѓе кои биле во преполн гумен чамец во Средоземното Море

Хуманитарниот брод „Оушн Викинг“ спаси 113 луѓе кои биле во преполн гумен чамец во Средоземното Море во првата операција по приклучувањето во Франција во ноември по дипломатскиот спор меѓу Париз и Рим, соопшти денеска европската хуманитарна организација „СОС Медитеран“.

Меѓу мигрантите има „23 жени, од кои некои се бремени, триесетина малолетници без придружба и три бебиња, од кои најмалото е на возраст од три недели“, пишува „СОС Медитеран“, со седиште во Франција.

Мигрантите се спасени синоќа од преоптоварен гумен чамец во меѓународни води и во близина на либиска територија. За нив на бродот се грижеа членови на „СОС Медитеран“, како и вработени во Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Хуманитарниот брод за спасување моментално „продолжува да патролира“ и не се знае каде ќе може да ги симнува мигрантите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.