Хумус: најздравиот деликатесен намаз

 

Хумусот е едноставен намаз од наут, маслиново масло, лимонов сок и сол, е еден од најпопуларните намази не само во вегетаријанската исхрана, туку и на сите љубители на ориенталната храна.
Зошто хумусот е исклучително хранлив и корисен?
1. Дијабетес
Хумусот помага во регулација на нивото на шеќер во крвта, поради нискиот гликемиски индекс на главната состојка на хумусот: наутот. Хранливите влакна во хумусот и сложените јаглехидрати кои ги содржи, го регулираат нивото на шеќер кој се ослободува во крвта и така помагаат во контрола на дијабетесот. Затоа хумусот се препорачува како дел од менито за исхрана кај дијабеичарите.
2. Здрав меѓуоброк
Бидејќи е богат со протеини, може да ви помогне во контрола на апетитот и регулација на нивото на шеќер во крвта. Особено е полезен за намалување на потребата од постојано грицкање. Исто така, железото кое го содржи хумусот помага во зголемување на енергијата, што може да ве направи помотивирани за вежбање.


3. Дигестивно здравје
Хумусот содржи голем број на хранливи влакна кои помагаат во одржување на дигестивно здравје. Особено се покажал како корисен во борбата против констипација и полесно движење на храната низ дигестивниот систем.
4. Здрави мускули
Наутот е извор на амино киселини кои се многу важни во градење на здрави мускулни влакна. Амино киселините телото ги користи во процеси како градење на мускулна маса, обнова на ткива и продукција на енергија.
5. Омега-3 масни киселини
Уште една намирница на хумусот е маслиновото масло кое е богато со омега-3 масни киселини. Истите имаат многу корисно дејство врз телото особено при воспалителни болести и болести како артритис, хипертензија и рак.
6. Кардиоваскуларно здравје
Хумусот е одличен за одржување на кардиоваскуларно здравје, повторно како резултат на маслиново масло кое го содржи. Според истражувањата, конзумацијата на маслиновото масло е една од причините за ниска стапка на смртност од кардиоваскуларни болести во медитеранските земји, во кои маслиновото масло се конзумира речиси двојно повеќе отколку во останатите земји. Исто така студиите потврдуваат дека конзумацијата на храна која во себе содржи маслиново масло, како хумусот, помага во борбата против кардиоваскуларни компликации и во одржување на здрав нервен систем.
Подготовка на наут за домашен хумус
Подготовката на овој здрав и вкусен намаз е едноставна. Наутот е основната намирница на хумусот. Во продавниците обично наоѓаме сув наут, но истиот може да го купите и во конзерва, спремен за конзумација.
Подготовката на хумусот пожелно е да го планирате однапред, бидејќи наутот треба предходно да го закиснете. Најдобро е да го оставите да преноќи во вода, колку подолго е натопен, толку пократко ќе го готвите. Доколку бил потопен 8 часа, потребно е да го варите околу 1 час, а доколку бил 12-16 часа, ќе треба да го варите нешто помалку од еден час.
Наутот потопен во вода ќе набабри, но нема да омекне. Добро е да го измиете пред готвење. Ставете го во тенџере, додадете вода и малку сол, па вараете го на силен оган.
Оставете го некое време да отстои во топлата вода.
Отстранете ја водата и наутот е спремен за употреба.
Рецепт за подготовка на хумус
Потребни намирници:
2 чаши варен наут (ако го подготвувате дома) или конзервиран наут
Половина чаша таан (паста од сусам)
¼ чаша маслиново масло
2 чениња лук
Сол и бибер
Сок од 1 лимон
Сечкан магдонос за декорација
Начин на подготовка:
Ставете ги сите намирници во блендер (освен магдоносот) и блендирајте. Додадете малку од водата во која се варел наутот (или водата од конзервата наут), додека не добиете смеса со густина на пире. Добиената смеса ставете ја во еден сад и хумусот е спремен за сервирање. Сервирајте со ливчиња магдонос, една лажица маслиново масло и малку бибер. Намазот може да го јадете намачкан на интегрално лебче, како додаток на домашните сендвичи или во комбинација со зеленчук, како моркови, целер, краставици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.