Хутите извршија напади врз два американски разурнувачи и три други брода во Црвеното Море



Откако САД и Велика Британија започнаа одмазднички воздушни напади врз позициите на хутите во Јемен, движењето соопшти дека ги смета и сите американски и британски бродови за воени цели

Јеменските хути денеска соопштија дека извршиле напади врз два американски разурнувачи и три брода во Црвеното Море и Индискиот Океан.

Портпаролот на хутите, Јахја Сари, преку соопштение информираше дека нивните сили нападнале два разурнувачи и бродот „Минерва Лиза“ во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили.

Тој додаде дека на мета во Индискиот Океан биле и американскиот брод „Ларего Десерт“ и израелскиот брод „МСЦ Мечела“.

Засега нема коментар од САД за овие тврдења на хутите.

Хутите користат ракети и беспилотни летала за да гаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, кои на кој било начин се поврзани со Израел како знак на солидарност со Газа, која е под разорен израелски напад од 7 октомври минатата година.

Откако САД и Велика Британија започнаа одмазднички воздушни напади врз позициите на хутите во Јемен, движењето соопшти дека ги смета и сите американски и британски бродови за воени цели. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: