Љубителите на компири ќе уживаат во ова јадење – крцкавата кора и сочната внатрешност со кремаста текстура го прави овој специјалитет идеален рецепт за овој викенд!
Царски компир: Комплетен ручек или гарнир за риба или месо
Потребни состојки:
4 поголеми компири
50 г путер
2 јајца
100 мл кисела павлака
сол и бибер
Начин на подготовка:
Компирите добро измијте ги и сварете ги со сè лушпата, во солена вода.
Кога ќе се изладат, излупете и изрендајте ги.
Изматете го омекнатиот путер со жолчките за да стане пенест.
Компирите измешајте ги со киселата павлака, а потоа спојте ги и со жолчките со путер.
Изматете ги белките во цврст снег (додадете и малку сол) и полека додајте ги во смесата со компири.
Подмачкајте ја огноотпорна тава со путер и печете ги во рерна на 200 ᵒC, сè додека не добијат златно-жолта боја.
Забелешка: Може да додадете и други зачини што ви се допаѓаат – малку жалфија, сушено оригано или рузмарин. Исто така, пред да ги послужите, можете да ја посипете врелата површина со малку пармезан.