Постојат различни варијанти на Цезар салата и веројатно веќе ја имате вашата омилена
Сепак, обидете се да додадете каперси на Цезар и нема да се покаете. Ова е една од најубавите верзии на популарниот специјалитет на планетата.
Состојки:
130 гр чадена сланина
200 гр бело пилешко месо
30 гр пармезан
3 чешниња лук
2 парчиња тост леб
поголема главица зелена салата Ајсберг
капар
сок од 1 лимон
Кисела павлака
мајонез
сенф
маслиново масло
бибер
сол
Подготовка:
Испржете ја исечканата сланина без додавање маснотии. Извадете ја и ставете ја на хартиена крпа за да се впие маснотијата. Пилешкото пропржете го на тефлон и кога ќе се олади исечете го на долги ленти. Лебот исечкајте го на коцки. Се меша со сечканиот лук и се пржи во маснотијата што ја оставила сланината. Извадете го и ставете го на салфетка.
Изматете го маслиновото масло со сокот од лимон, една лажичка сенф, мајонезот, биберот и лукот. Посолете малку. Добиениот дресинг прелијте го преку Ајсберг салатата. Над салатата наредете пилешко, сланина, крутони (тост леб), каперси, крупно рендан пармезан.