Цела година се бара добитникот на милион долари

Веќе една година се трага по добитникот на милион долари на американската лотарија, па е упатен апел за добитникот сепак да се јави пред добитниот тикет да престане да важи.„Проверете ги своите паричници, пребарајте ги фиоките, претресете ги џебовите од панталоните, бидејќи негде играч од Њу Џерси има ливче вредно милион долари од Powerball кое истекува на 16-ти мај“, соопштија организаторите на лотаријата.Во повикот се наведува во која продавница во квартот Саут Брансвик во Њу Џерси е купено добитното ливче, како и добитните броеви: 3,7, 21, 28 8 43, како и дополнителниот број 2.Извлекувањето било на 16-ти мај 2012 година а во САД добитниците мораат да ја подигнат наградата во рок од една години.На почетокот од април американската лотарија Powerball упати јавен апел во обидот да се пронајде добитникот или добитничката, но досега никој не се пријавил.
МакфаксВеќе една година се трага по добитникот на милион долари на американската лотарија, па е упатен апел за добитникот сеп

Пронајдете не на следниве мрежи: