Цела Турција остана во неверување: Каде се наоѓа Кинескиот ѕид? Погледнете го неславниот одговор на ова прашање

„Кој сака да биде милионер?“ е една од најпознатите емисии за љубителите на квизовите. Натпреварувачите во квизот одговараат на поставените прашања, а имаат и три џокери на располагање кои можат да ги искористат ако не го знаат одговорот.
Првите неколку прашања од квизот се обично лесни и натпреварувачите ги знаат одговорите, но знаат да се случат и неславни настапи на поединечни учесници.
Една од таквите личности е и 26-годишната Су Ајхан која се посрамотила во турската емисија „Кој сака да биде милионер?“.

На прашањето Каде се наоѓа Кинескиот ѕид?, натпреварувачката ги имала Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија како понудени одговори. Таа најпрвин го искористила џокерот „прашај ја публиката“ на што точно одговориле само 51 отсто од присутните во салата.
Поради тоа, Ајхан одлучила да го искористи и вториот џокер наречен „повикај пријател“ и точно одговорила на ова прашање, благодарение на својот пријател.
Во своја одбрана, натпреварувачката изјавила дека може да се користи со џокерите онака како што таа сака, но за жал, таа испаднала веќе на следното прашање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.