Целосно се срушил покривот на Норт Дам, катедралата гори како факел

Последните информации кои ги пренесуваат светските медиуми за големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам велат дека се урнала целата кровна конструкција. Неофицијално пожарот се случил за време на реконсртукција и реставрација на катедралата. Претседателот на Франција, Емануал Макрон ги откажал сите активности по веста за пожарот во оваа катедрала која е една од туристичките икони на Париз.

Embedded video

Покривот целосно падна, а пламенот доаѓа од задната страна на катедралата, како да е факел, објавува „France24“ на Твитер.
Пожарникарите се обидуваат да се справат со силниот пожар во внатрешноста на објектот, а полицијата го евакуираше целиот простор околу катедралата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK