Познатиот готвач тврди дека ова е единствениот исправен начин на готвење на компирите бидејќи со тоа во самото пире ќе се сочуваат сите вкусови.
Пирето од компири на многу трпези е еден од омилените прилози кои се сервираат со ручекот, а совршено одговара со пржено или печено месо и гулаш.
Познато е дека за добро пире се важни два фактори – видот на компирите и температурата на подготовка.
Готвачот Тајлер Флоренс од најпознатиот ТВ канал “Chef’s Food Network” вели дека луѓето погрешно го припремаат ова јадење. Излупените и измиени компири треба да се варат во павлака за готвење во која претходно ќе се растопи путер.
Начин на подготовка:
Измијте, излупете и исецкајте ги компирите, а потоа додадете ги во лонец заедно со павлака за готвење (околу 0,5 литри).
Додадете 3 лажички маслиново масло и 3 лажички путер.
По желба додадете сол, бибер или други зачини.
Поклопете го лонецот и оставете да се крчка околу 20 минути.
Процедете ги компирите, но сочувајте ја павлаката во која се готвеле и потоа полека додавајте ја во садот додека ги пасирате компирите и не добиете кремаста, хомогена смеса.