Цел живот погрешно сте го правеле: Готвач откри необичен трик за најкремастото пире од компири
Поголемиот дел од нас, прво го варат компирот, потоа го цедат, додаваат малку млеко или путер пред сето тоа убаво да се згмечи и измеша.
Меѓутоа, еден готвач тврди дека на тој начин всушност се уништува целиот вкус на пирето.
Роб Никон тврди дека оваа техника го уништува вкусот на пирето од компири и дека тајната во совршеноста на ова јадење е додавање на кората од компирите.
За да го направите највкусното пире од компири потребно е прво да ги излупите компирите, а кората да ја искористите подоцна.
Потоа компирите преполовете ги на половина и варете ги во вода од 12-15 минути, односно додека не омекнат.
Процедете ги, па изгмечете. Додадете сол, бибер и путер, па промешајте.
Загрејте го млекото на рингла, па додадете ги лушпите од компирите. Сето тоа убаво нека се загрее околу 2 минути.
На крајот топлото млеко ставете го во компирите и сè добро измешајте.
Ќе добиете неверојатно пире од компири.
Пријатно јадење!