Цената на гасот надмина 1.900 долари – првпат од март

Цената на гасот во Европа денеска надмина 1.900 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 9 март годинава, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот за испорака во август (фјучерс договори) се зголеми во холандскиот центар ТТФ на 1.926 долари за илјада кубни метри, или 182,65 евра за мегават-час (MWh), пренесува Тас.

Од почетокот на денешното тргување, цената на гасот на дневна основа скокна за речиси 7,0 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.