Цената на нафтата благо падна, во фокусот и натаму Кипар

Цената на нафтата се спушти во вторникот на меѓународните берзи, притисната од неизвесноста во врска со спасоносниот пакет за Кипар, кој ја зајакна загриженоста во врска со кризата во еврозоната и побарувачката за енергија, во случај на влошување на состојбите.

Цената на сировата нафта на лондонската берза падна за 45 центи, на 109,06 долари. Вчера тргувањето заврши во минус од само 31 цент, откако претходно накратко потона и до 107,78 долари. На американската берза вчера барелот падна до 91,76 долари, а денеска се  тргува по речиси непроменета цена. Во фокусот на берзите и натаму е Кипар, каде парламентот денеска се подготвува да гласа за предлог законот за оданочување на банкарските депозити. Се очекува предлог законот да не помине, што ќе ја турне оваа островска држава на раб на банкрот и до колапс на банкарскиот систем. Предлог планот за Кипар, договорен преку викендот, вклучува оданочување на депозити во кипарските банки, што предизвика поместување на глобалните берзи. „Кипар мал, но тамошната состојба покажува дека проблемите во ЕУ се уште не се ни оддалеку решени. Тоа дополнително ќе ја влоши и онака слабата побарувачка внатре во ЕУ и ќе го сопре растот на цената на нафтата, а може и дополнително да го притисне“, истакна аналитичар на лондонскиот огранок на Natixis.
Макфакс
Цената на нафтата се спушти во вторникот на меѓународните берзи, притисната од неизвесноста во

Пронајдете не на следниве мрежи: