Цената на нафтата влезе во минус, продавачите плаќаат за да се ослободат од неа

Утринава нафтата чинеше 15 долари, а падот продолжи и во текот на денот.После осум часа цената на суровата нафта WTI во моментов изнесува -0,22 долари, што до сега е незабележително.
Претходно, нафтата се спушти на 1,34 долари за барел, што е пад од неверојатни 94 отсто и најниско од 1983 година.
Пандемијата на коронавирусот значително ја намали побарувачката, а цените на црното злато не престануваат да изненадуваат. На цената не влијаеше фактот што членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците потпишаа договор за намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден.
Цените на нафтата паднаа за 78 проценти денес, најниско ниво од 1983 година, кога се отворија фјучерси на нафта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.