четврток, 12 ноември 2026
Најново

Цената на нафтата повторно „дивее“, денеска нов вртоглав раст!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цените на нафтата денеска скокнаа откако лидерите на Европската унија синоќа постигнаа договор за забрана на увоз на 90 отсто од руската сурова нафта до крајот на годината.
Во азиската трговија, цената на европската нафта брент за испорака во јули (фјучерс договори) порасна за 1,35 отсто на 123,3 долари за барел, покажуваат најновите достапни податоци на порталот oilprice.com.
Цената на јулските фјучерси на американската нафта WTI порасна за 3,06 отсто на 118,6 долари за барел.
За време на трговската сесија, американската сурова нафта достигна цена од 119,42 долари за барел, што е највисоко ниво во последните 12 недели, покажуваат податоците на Refinitive, пренесе CNBC.
Скокна и цената за испораките во август, при што нафтата WTI поскапе за 3,2 отсто, или 115,83 долари за барел, а Брент за 119,53 долари за барел, што претставува зголемување од 1,6 отсто.
Со договорот за забрана за увоз на руска нафта, ЕУ излезе од преговарачкиот ќорсокак предизвикан од одбивањето на Унгарија да се согласи на ембарго на нафта, што, како што изјави Будимпешта, ќе ја уништи нејзината економија, која е многу зависна од руската нафта.
Чарлс Мишел, претседателот на Европскиот совет, најави дека ембаргото веднаш ќе се примени на 75 отсто од увозот на руска нафта.

Поврзани вести