Цената на нафтата продолжи да оди неконтролирано нагоре. Сега е веќе над 92 долари

Цената на нафтата продолжи да оди неконтролирано нагоре. Сега е веќе над 92 долари. Стравот е поврзан со состојбата околу Украина. Најверојатно и цената на гасот ќе оди нагоре.

На американскиот пазар со барел се тргуваше за 2,96 долари повисоко, по 94,03 долари. На почетокот на трговијата, накратко го допре седумгодишниот максимум од 96 долари.

„Нафтениот пазар го очекува период на превирања и нервоза, зачинет со геополитички тензии и емоции“, вели Норберт Рикер од швајцарската банка Јулиус Баер. „Со оглед на преовладувачкото расположение, цената на нафтата лесно може да се искачи на трицифрено ниво на краток рок“, додаде Рукер.

Пронајдете не на следниве мрежи: