Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКМ) ја донесе одлуката, со која малопродажните цени на нафтените производи се зголемуваат во просек за 14,27% во споредба со одлуката од 2.3.2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,00 ден/л. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) се зголемува за 14,50 ден/л. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕL-1) се зголемува за 12,50 ден/л. Малопродажната цена на Мазут М-1 SU се зголемува за 7,044 ден/кг и ќе изнесува 42,586 ден/кг.
Од 10.3.2026, 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:
Бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 79,50 (денари/литар) (1,29 евра)
ЕУРОСУПЕР БС 98 бензин – 81,50 (ден/лит) (1,32 евра)
ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) дизел моторно масло – 85,50 (ден/лит) (1,39 евра)
Екстра лесно мазут 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (ден/лит) (1,34 евра)
Mazut М-1 SU – 42.586 (ден/килограм) (0,69 евра).
The post Цената на нафтените производи во Македонија значително се зголемува appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



