Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКМ) ја донесе одлуката, со која малопродажните цени на нафтените производи се зголемуваат во просек за 1,84% во споредба со одлуката од 11.5.2026 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛОТ (D-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/л.
Малопродажната цена на Мазут М-1 SU се зголемува за 0,846 ден/кг и ќе изнесува 50,814 ден/кг.
Од 19.5.2026, 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 87,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 89,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ В) ќе се продава за 92,00 (денари/литар)
Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 93,50 денари/литар
Мазут М-1 СУ ќе се продава за 50.814 денари/килограм.
The post Цените на нафтата растат appeared first on Во Центар.



