Цетињанецот кој пукаше во масовниот убиец се предаде: „Во моментов е на распит“

Ненад Нено Калуѓеровиќ од Цетиње, кој е осомничен дека во петокот го застрелал повеќекратниот убиец Вук Бориловиќ, вечерва бил сослушан во својство на граѓанин во Вишото државно обвинителство во Подгорица, дознава Побједа.

Цетињанецот кој пукаше во масовниот убиец се предаде: „Во моментов е на распит“

Оваа информација ја потврди раководителката на ВДТ Подгорица, Лепа Меденица. Таа тврди дека ВДТ телефонски му се јавил на Калуѓеровиќ да даде изјава во својство на граѓанин, на што, како што рече, тој уредно одговорил. Тој беше сослушан од дежурната обвинителка Андријана Настиќ.

Полицијата се уште утврдува дали смртта на масовниот убиец Вук Бориловиќ од Цетиње настапила како последица на тешка повреда од куршум испукан од полицијата или од куршум испукан од Калуѓеровиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.