четврток, 12 ноември 2026
Најново

Цеца кон Босанац: Зошто од ќеркати не направи ѕвезда ако си толку добар продуцент?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера вечер Сања Савиќ (20) од местото Уб во Србија ги отпеа песните „Dve muzike“ и „Oproštajna večera“ во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа дојде до конфликт помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац, кој можеа да го видат и македонските гледачи во синоќешната емисија на Канал 5 телевизија.
Цеца одби да биде во трка за ментор на Сања заедно со Ана Бекута, Босанац, Вики Миљковиќ и продукцијата.
– Мене девојката ми беше одлична. Посебно првата песна, во втората немаше Бог знае што да се пее, рече Босанац и така ја „пецна“ Цеца која ја пее оваа песна во оригинал, како и Мили, нејзиниот творец.
– Ти рече дека нема тука што да се пее – му замери Ражнатовиќ, а и Мили негодуваше, објаснувајќи дека има височини во песната кои тешко се пеат.
После ова, започна отворена кавга меѓу Цеца и Босанац. Хармоникашот жестоко ја навреди Цеца кога рече дека Марија Шерифовиќ била пејачиште, а Цеца само популарна пејачка.
– На пример, Марија е пејачиште, а Цеца е популарна пејачка – додаде тој.
После ова, следеше „спуштање“ од Цеца, која во кавгата ја вмеша и ќерката на Босанац.
– Значи, кога си толку добар продуцент, зошто твојата ќерка не ја направи ѕвезда?, го праша таа.
На ова Босанав реагираше и рече дека неговата ќерка немала „соодветен спонзор“.
– Мојата ќерка немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет, објасни Драган, додека другите во студиото молчеа и внимателно слушаа.
Во кавгата повремено во одбрана на Цеца се вклучуваше и нејзината кумашинка Вики Миљковиќ, која го обвини Босанац за дојава, односно дека претходно бил договорен со кандидатката дека ќе и биде ментор.

Поврзани вести