четврток, 12 ноември 2026
Најново

Цеца ја донесе и последната одлука во врска со внукот- Богдана веднаш прифатила да ја породи овој човек, еве и кога

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Снаата на Светлана Цеца Ражнатовиќ треба да се породи за неколку денови, пренесуваат српските медиуми.
Имено датумот за царскиот рез на Богдана веќе е закажан за во една приватна болница во Белград и сите со нетрпение го очекуваат раѓањето на малиот Жељко Ражнатовиќ.
Она што најмногу ги изненади сите е тоа што Цеца никогаш не остава работите да се случат непланирано и случајно.


Таа перфектно се погрижила за раѓањето на нејзиното внуче, па така за породувањето на снаата го организирала истиот гинеколог кој ја породувал пејачката со двете деца.
-Иако било планирано Богдана да се породи во државната болница во Белград каде е роден нејзиниот сопруг Вељко, семејството во последен момент се одлучило за промена. Тие се чувствуваа најбезбедни тоа да го направи семејниот доктор и тоа во приватна клиника, вели избор близок до семејството.
Додава дека датумот е веќе познат за семејството и тоа за неколку дена, а породувањето ќе го изврши истиот гинеколог кој ја породувал пејачката со синот Вељко и ќерката Анастасија.

Поврзани вести