Цистерна на ПОЦ помага во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Од Општина Центар информираат дека со цистерна и вработени од своето јавно претпријатие ПОЦ вчера се вклучиле во гаснењето на големиот шумски пожар во Чучер Сандево.

Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи и додаде дека Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне со своите ресурси се додека пожарот не биде целосно ставен под контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи: