четврток, 12 ноември 2026
Најново

Црвениот крст подели 11,2 милиони денари за 18-те жртви од пожарот „Пулс“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Црвениот крст на Македонија ја изврши последната исплата на средства собрани за жртвите од пожарот во Кочани на 27 февруари 2026 година. Средствата беа распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари.

Исплатата, како што информираат, е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втора проценка на нивната здравствена состојба и прогноза за понатамошно лекување, изготвен од Комисијата на Министерството за здравство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Со оваа уплата, вкупниот трансфер на средства од Фондот за солидарност до денес изнесува 164.744.901 денари. Со цел да се обезбеди транспарентност и отчетност, Црвениот крст подготви Извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот за солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година.

Извештајот е објавен на веб-страницата на Црвениот крст“, информираат тие.

Поврзани вести