500 г зрна црвен конзервиран грав
400 г коцки тиква
300 г коцки пилешки гради
200 мл пиво
2 чешниња лук
масло, сол и мелен црн пипер
На загреано масло во тава на тивок оган кратко запржете го исечканиот лук. Додадете ги пилешките гради и пржете ги додека заруменат. Потоа додадете ги пивото, гравот и тиквата. Откако ќе се запржат посолете и зачинете со црн пипер.
Динстајте додека омекнат тиквата и гравот, а доколку е потребно додадете малку вода.