Цревна вироза кај деца: Симптоми поради кои мора итно да одите на лекар

Цревната вироза е многу честа појава кај малите деца која може да предизвика повраќање, дијареа, а понекогаш и треска.
Како што објаснуваат педијатрите, обично трае од три до седум дена.

Најчеста причина за цревни вируси е ротавирусната инфекција, а детето кое боледува од цревни вируси треба да мирува и да пие доволно количество течности за да избегне дехидратација.

Исто така, педијатрите советуваат дека треба да го ограничите внесот на слатка и солена храна, да јадете повеќе мали порции храна, но и да избегнувате непотребен стрес и потење бидејќи тоа доведува и до поголем ризик од дехидратација.
Дехидратацијата е состојба која бара итен третман, а нејзините симптоми вклучуваат:

зголемена жед
сува уста
летаргија
бел јазик
бледа кожа.

Детето обично може да биде многу раздразливо, уморно и незаинтересирано за секојдневните активности, што само дополнително покажува колку е навистина ослабено неговото тело. Третманот првенствено се заснова на замена на течности и електролити (соли и минерали) изгубени со дијареа или повраќање.
Така, се прави обид да се спречи дехидратација, која може да доведе до тешки здравствени компликации како хиповолемичен

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.