Црна Гора: Двe македонски државјанки уапсени под сомнение за кражба

Две македонски државјанки се уапсени во Црна Гора под сомнение за кражба на четири златни ланци од златарница во Игало.

Полицијата објави дека украдениот накит е пронајден и вратен на сопствениците на златарницата.
„Одделот за безбедност во Херцег Нови ги уапси Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33) од Скопско, државјанkи на Северна Македонија, под сомнение за сторено кривично дело кражба“, се вели во полициското соопштение.
Се сомнева дека осомничените влегле во златарница во Игало околу 13:30 часот на 15 јули, претставувајќи се како клиенти заинтересирани за златен накит. Тие се осомничени дека побарале од вработена во златарница да им покаже одредени парчиња накит, а потоа, откако таа го покажала накитот, го искористиле нејзиното невнимание и незабележано зеле вкупно четири златни ланци од шанкот и ги ставиле во своите торби, по што го напуштиле местото на настанот. Осомничените беа уапсени вчера во стан во Херцег Нови.
The post Црна Гора: Двe македонски државјанки уапсени под сомнение за кражба appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: