Црногорец вљубен во песните на Никола Бадев: „Македонците не знаат што им остави Бадев“

Додека разговаравме солзи се слеваа по неговото лице. За првпат со песните на Бадев се сретнал во 1964 година, а од тогаш до денес секојдневно се негов сопатник.
„Најголема причина поради која многу ги сакам Македонија и Македонците е Никола Бадев и вашата народна музика. Кога првпат го слушнав Никола Бадев во 1964година, неговата боја на глас толку многу ме воодушеви. Прекрасно пеење, да не може подобро да се пее. Ја засакaв македонската музика. Бадев е мој најголем идол. Имам напишано една песна за него. Пеам многу негови песни. Целиот материјал снимен од Бадев го имам во мојата резиденција. Го чувам, бидејќи тоа за мене е големо богатство. Имам многу песни. Многу ги сакам „Мори моме Магде, „Дали знаеш паметиш Милице“, „Тешка беше нашата разделба“… Тоа се песни баш за душата“- вели овој седумдесетгодишен Црногорец, вљубеник во македонската староградска музика.
Ни раскажа дека целиот град каде што живее во Црна Гора, знае дека за неговата љубов кон македонската музика и дека одлично ги свири и пее. Го прашувале дали е Македонец или Црногорец.
Делиќ посетата на Кавадарци ја искористи да ги запознае и ќерките на доајенот на мекедонската музика, Сузана и Роска.
извор: mms.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.