Владата на Црна Гора денес одлучи да воведе санкции против Белорусија поради ситуацијата во таа земја и вмешаноста на Белорусија во агресијата на Русија против Украина, јавува државната црногорска телевизија.
„На 16 јуни 2025 година, на телефонска седница, врз основа на согласноста на мнозинството членови, Владата донесе Одлука за воведување меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуки на Советот на Европската Унија и регулативи на Европската Унија во врска со ситуацијата во Република Белорусија и вклученоста на Република Белорусија во агресијата на Руската Федерација против Украина“, објави црногорската владата.



