Црногорците кажаа стоп за работа во недела

Кој ќе отвори продавница в недела, ќе се соочи со парична казна од 1.000 до 10.000 евра. Управата за инспекциски работи на Црна Гора одлучи првата неработна недела за вработените во продавниците да биде на 20 октомври. Како што наведува порталот Investitor.me, инспекциските служби повикале на придржување кон овие одредби со цел да се избегнат казни.
Инаку, ова доаѓа откако црногорските пратеници усвоија законски измени и дополненија на Законот за внатрешна трговија, со кој е предвидено продавниците и супермаркетите низ земјата да бидат затворени во недела.
За тој што ќе отвори продавница в недела, парична казна од 1.000 до 10.000 евра. Освен парична казна, на сопствениците на продавници кои нема да се придржуваат кон овие одредби им се заканува и трајно затворање на трговскиот објект.
Согласно членот 35 од Законот за внатрешна трговија кој стапува на сила на 14. октомври, им се забранува работа во недела на сите деловни субјекти кои се занимаваат со трговија на големо и мало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.