ЦР го избриша КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ Битола од Регистарот на други правни лица

Ве известуваме дека, на ден 22.03.2023 година, од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставенo Решение за неусогласеност на  Здружението КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по претходно прибавеното мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња на личности.  

Централниот регистар по приемот на Решението за неусогласеност, а во врска со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации го избриша здружението од Регистарот на други правни лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.