четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЦУК: Девет пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ЦУК: 1 924 повици на 112, а до утрово имало вкупно девет пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 924 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,75%, а 55,25% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 48,83%, кон Итната медицинска помош 46,09%, а кон пожарникарите 2,73% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,34% со другите 55,25% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 069 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Имало вкупно девет пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Поврзани вести