Цуцуловски: Молчалива цензура

Втор дел

МОЛЧАЛИВА ЦЕНЗУРА (2). После вчерашниот пост многумина се интересираа за идентитетот на новинарот и уредник, кој самиот ме покани (електронски, во Inbox) да учествувам во неговата дебатна емисија и потоа, без какво било објаснување, се попишмани. Неговото име и сега не го објавувам, како и телевизиската куќа (која се смета за невладина), меѓутоа ја објавувам целата преписка (ако е воопшто преписка) во оригиналниот формат. Коментар на неговиот однос, како и на аргументацијата со која се служи, и овој пат нема потреба од мој коментар. Ова го правам од едноставна причина.
Д е л од новинарите и уредниците цело време се жалат/лелекаат дека кон нив постои селективен однос, дека работат под притисок и цензура, макар што самите истото го практикуваат кон другите. Се надевам дека обелоденувањето на овие моменти н е к о и новинари ќе ги замисли и ќе ги доведе во ситуација да не се однесуваат толку комотно, неодговорно и некултивирано кон гостите кои самите ги канат, а потоа безобѕирно ги ексивираат. Овој пост нека ги потсети дека, условно кажано, и другата страна може да одговори без да биде замолчена/цензурирана, бидејќи тоа го овозможуваат современети електронски средства за комуникација.
Наедно, ви посакувам убав празник, посветен на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.