Цуцуловски: Молчалива цензура

МОЛЧАЛИВА ЦЕНЗУРА. Повеќе од несомнено е дека секоја власт мора да има коректен однос кон медиумите/новинарите, бидејќи токму тие ги пренесуваат неопходните информации до граѓаните. Меѓутоа, исто така, битен е односот што новинарите/медиумите го негуваат кон луѓето, кои (претпоставувам) дека според своја слободна одлука ги канат да учествуваат во нивните програми (особено дебатните емисии), кои сѐ повеќе наликуваат на гладијаторски арени. Притоа, учесниците/гостите не добиваат никаков надоместок/хонорар.

Барем јас ниту сум побарал, ниту сум добил хонорар за учеството во која било телевизиска емисија, на која било телевизија. Најчесто, тоа се луѓе за кои се смета дека се афирмирале во својата професионална област. Дотолку повеќе односот кон нив треба да биде коректен, култивиран. Меѓутоа, она што новинарите (со право!) го бараат за себе, некои новинари не го практикуваат кон поканетите (поканетите?) гости.

Потоа, од на нив познати причини, ги одбиваат или „елегантно“ ги ескивираат, ако во ескивирањето има каква било елеганција. Во продолжение, целосно, без каква била интервенција/корекција, ја пренесувам преписката помеѓу мене и една наша национална телевизија. Коментарот/заклучокот го оставам на вас. Името на новинарот, емисијата, како и телевизиската куќа, нека бидат со псевдоним, заради неопходната „приватност“ на дотичните персони. Телевизиската куќа ја именувам „ТВ. ТТТТ“, а новинарот ТОЛЕ КОКОЛЕВСКИ
„MAY 3, 2020, 7:43 PM
ТОЛЕ КОКОЛЕВСКИ: Професоре дали би биле расположени да ни бидете гостин во „ООО КК ООО“ на ТВ. ТТТТ. Неделава ни се слободни вторник и петок. Можеме на ZOOM да ве вклучиме
ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ/LJUBOMIR CUCULOVSKI: Прво, да се чуеме. Потоа, ќе се договориме.
MAY 8, 2020, 12:44 PM
ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ/LJUBOMIR CUCULOVSKI:
Помина вторникот, изминува и петокот, а Вие сѐ уште се јавувате да се договориме за емисијата, за која самиот ми испративте порака, нудејќи ги претходните термини. Можеби така се гради професионално и одговорно новинарство – со покана и потоа молк. Пријатно.
******

Цуцуловски: СОПСТВЕНОСТ

MAY 8, 2020, 2:35 PM
ТОЛЕ КОКОЛЕВСКИ: Profesore voopsto ne vidiv deka ste mi odgovorile. Nemav povratna poraka od vas. Mislev deka ne ste zainteresirani
ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ/LJUBOMIR CUCULOVSKI
Прво, тврдите дека не сте виделе дека сум ви одговорил. Потоа, тврдите дека сте не сте имале повратна порака од мене, макар што (како самиот пишувате) не сте виделе дека сум ви одговорил. И, на крајот, сте заклучиле дека не сум заинтересиран за емисијата. Со доста необична логика и „аргументација“ се служите, господине КОКОЛЕВСКИ. Сепак, тоа е Ваш, а не мој проблем.

ТОЛЕ КОКОЛЕВСКИ: Пријатен ден професоре гледам дека имате некаков анимозитет кон мене. Ви се извинувам за недоразбирањето. Аргументацијата е проста не видов дека сте ми одговориле и мислев дека не сте заинтересирани ама вие правите од тоа проблем што реално не постои. Да сте живи и здрави нема да ви додевам веќе. Поздрав
ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ/LJUBOMIR CUCULOVSKI
Ова што сега го напишавте е трагично и разочарувачко – наместо да се извините за Вашиот јавашлак (не сте отвориле Inbox, макар што очекувавте мој одговор и тоа на Ваше барање за соработка) Вие преминувате во напад. Тажно, навистина, тажно.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.