Цуцуловски – НЕШТО ЗА ВИКЕНД

Ви посакувам пријатен викенд со убавата песна „Кажи, кажи либе Стано“ во изведба на српската група „Галија“, приложувајќи го и нејзиниот текст, со искрена надеж дека и оваа стара македонска песна нема да биде присвоена од бугарската политика и „историја“. Ако и таа се присвои, тогаш ќе се отвори сериозен грчко – бугарски спор, бидејќи во неа се спомнува дури и градот Солун. А, тоа е веќе иредентизам, почитувани!
КАЖИ, КАЖИ, ЛИБЕ СТАНО
Кажи, кажи либе Стано
што си замислена?
Дали руба немаш Стано
или пари немаш?
Сѐ си имам либе Димчо
само едно немам
само едно немам Димчо
од срце порода.
Јас ќе одам либе Стано
во Солуна града
ќе ти купам либе Стано
дете позлатено.
А што ќе ми либе Димчо
дете позлатено,
кога нема да ми рече,
од срце — Слатка мајчице!
После песната (молам!) аплауз. И таа, веројатно, заслужува аплауз, каков што на Зоран Заев му беше нарачан пред некој ден од почитуваниот господин Бранко Азески.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.