ЦУK: Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК беше известен дека неколку лица враќајќи се од настан на „Царев Врв“ на Осоговски планини имале дефект на возилото и истите побарале помош.

Даден е совет лицата да се јават на бројот 112 за да се утврди нивната локација. Откако се лоцирани, лицата се пронајдени во добра состојба и истите со возило на ДСПС „Осогово“ се вратени во викенд населба ,,Пониква”.

Нивното возило заради дефект е оставено на местото каде се најдени и дополнително ќе го отстранат сопствениците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.