Ц. Звезда конечно победи во Евролигата, Партизан моќно го прегази Баерн Минхен!

Белградските ривали Црвена звезда и Партизан вечерва во ист ден, како гости, ги играа своите средби во Евролигата и дома се враќаат со две големи победи, со што ја продолжија борбата за пласман во плејофот во најсилното европско клупско натпреварување.

Црвено-белите по голема борба и драматичен финиш триумфираа на гостувањето кај Макаби Тел Авив (89-86), со што ставија крај на низата од четири порази по ред. Составот предводен од Душко Ивановиќ апсолутно заслужено ја преслуша „Гордоста на Израел“, со оглед што водеше во најголемиот дел од средбата, а во третиот период во неколку наврати имаа и плус 16. Домаќинот во финишот се приближи на минимална негатива, но белграѓани излегоа поуспешни во пенал-завршницата. Немања Недовиќ со 28 поени беше најпрецизен кај Ц. Звезда, додека Вејд Болдвин со 38 поени беше најефикасен кај Макаби ТА.

Пронајдете не на следниве мрежи: