Научниците открија дека црвеното вино помага при слабеење.Ако се консумира во мали количини, црвеното вино има одредени здравствени придобивки, но помалку е познато дека промовира губење на тежината.Имено, црвеното вино содржи ресвератрол, растителна материја која влијае на процесот на слабеење, особено ако се пие пред спиење.Една студија покажа дека ресвератролот помага да се намали апетитот. Истражувањето спроведено од универзитетскиот професор Џејсон Дајк покажа дека здравствените придобивки од ресвератролот, соединение кое се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги добиваме од вежбањето. Ресвератролот делува така што ги спречува масните клетки да добиваат повеќе маснотии.Оваа добра вест е поддржана од научниците од Државниот универзитет во Вашингтон и Харвард, кои открија дека вашата ноќна чаша (или две) вино всушност може да ви помогне да изгубите тежина.Според истражувањата, можете да спречите дебелеење за 70 отсто ако пиете најмалку две чаши вино дневно, а црвеното вино е најдобрата опција поради ресвератролот.Важно е виното да се пие навечер, за да се добијат најдобри резултати.Ако не сте љубител на црвено вино, но сакате да го искористите позитивното влијание на секундарните растителни материи, треба да знаете дека ресвератролот го има и во боровинки, јагоди и грозје, пишува Mirror .
Пронајдете не на следниве мрежи: