Сите знаеме дека поговорката „Денот по утрото се познава“ е голема вистина, но исто така и повеќето од нас стануваат наутро со тешкотии и со неколку одложени аларми. Важен е начинот на кој го започнуваме денот, затоа е важно е да се усвојат некои ритуали кои ќе ја подобрат целокупната состојба на организмот. Консумирањето чаша топла вода на празен стомак има бројни здравствени придобивки, затоа нека биде ова првото нешто што ќе го направите откако ќе станете од кревет.
Помага при слабеење
Точно е дека пиењето чаша млака вода наутро нема да го намали бројот што ќе го покажат вагите кога ќе застанете на нив, но овој ритуал го забрзува метаболизмот.
„Конзумирањето на топла вода дополнително го чисти дигестивниот систем и спречува надуеност, а помага и при лачење на вишок течност во организмот“ – тврдат нутриционистите.
Решава респираторни инфекции
Ако имате инфекција на грлото и синусите, обидете се да пиете чаша млака вода наутро.
“Ако имате затнат нос, тоа помага да се исчистат и отворат дишните патишта бидејќи топлината ќе ја расчисти слузта побрзо. Температурата на течноста што ја пиеме исто така може да влијае на симптомите на настинка”, вели др. Несочи Океке-Игбокве.
Влијае на здравјето на забите
Помалку е познато дека една чаша млака вода на празен стомак влијае на здравјето на забите, но експертите истакнуваат дека тоа е одличен ритуал.
„Некои бели пломби можат да се компресираат поради ладна вода и на тој начин да се одделат од забите – вели таа и предупредува да водите сметка водата да не е премногу топла. Се препорачува да се биде на собна температура.
Стимулира варење
Топла вода го стимулира протокот на крв во цревата и го подобрува варењето на храната.
Таа додава дека за разлика од ладната, топла вода се хидрира побрзо. Во комбинација со храна, побрзо ги раствора маснотиите, што ги олеснува варењето.
Ја намалува болката
Со топла вода се постигнува проток на крв во ткивата и им се овозможува на мускулите да се релаксираат, што ја намалува болката.
„Помага при сите видови на болка, од менструални грчеви до болки во зглобовите. Дополнително, ако пиете топла вода пред спиење, ќе заспиете побрзо и ќе бидете сити подолго, така што нема да се будите навечер поради храна. И кога ќе се разбудите, ќе бидете свежи“ – вели др. Петар.