четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чварките се подеднакво здрави како и чиа семето?!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во последниве години, чиа семето стана неизбежен дел од трпезата на секој што води сметка за својата исхрана и одговорно се однесува кон своето здравје. И, храната што е присутна во нашата кујна со децении, како крцкавите чварки, беа обвинети дека лошо влијаат на здравјето.
Мораме да признаеме дека просечeн човек е прилично збунет од контрадикторните информации, теории, од различните режими и видови на исхрана. Кога ќе се повлече цртата, зеленчукот е составен дел на секој од препорачаните режими, и секој ден сме изненадени од некои нови информации што пристигнуваат како резултат на некое истражување. А ова ќе израдува многумина.
Омилениот традиционален гурмански деликатес, чварките, се богати со протеини и масти и не содржат трошка јаглехидрати, поради што се добри за сите оние кои се на диета без јаглехидрати.
Што е уште поинтересно, составот на крцкавите чварки е донекаде сличен на составот на моментално најпознатата здрава храна – чиа семето. Имено, овие семиња се богати со масти, влакна, протеини, есенцијални минерали и антиоксиданти.
Сигурни сме дека секој доктор ќе застане на страната на чиа семето, поради високата калориска вредност и големиот процент на маснотии содржани во чварките, но сепак, новите студии покажаа дека чварките се неправедно обвинети дека лошо влијаат врз здравјето.

Поврзани вести