четврток, 12 ноември 2026
Најново

Честитка од Џафери по повод Националниот ден на Власите – 23 мај

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска упатуи честитка до припадниците на влашката заедници по повод Националниот ден на Власите – 23 мај.
– Етничкиот диверзитет во Република Македонија, верската разноликост, јазичното и културното шаренило се додадена вредност и богатство кое треба да се негува и почитува и тоа е тоа што нашата земја ја прави да биде единствена и различна од другите. Со взаемна почит и соработка, ќе успееме да се издигнеме над себеси и ќе можеме да се движиме брзо во насока на постигнување на нашите стратешки приоритети и поставени цели. Влашката заедница е значајна алка на тој погон и само со заеднички сили, позитивните резултати нема да изостанат, сер наведува во честитката што Џафери ја испрати до влашката заедница.

Поврзани вести