Четата на Чави продолжи со доминацијата во шпанската Ла Лига, а вечерва славеше против Севилја со 3-0 и со тоа ја зголеми предноста пред Реал Мадрид на осум бодови.
Барселона не ги искористи шансите во првото полувреме, но затоа во вториот дел погоди дури трипати, а серијата ја почна Алба во 58. минута.
Каталонскиот гигант само 12 минути подоцна преку Гави зголеми на 2-0, а потоа во 79. минута преку Рафиња стрелаше за 3-0 и ја потврди победата.
Барселона има 53 бодови на првата позиција, односно осум повеќе од Реал Мадрид, додека Севилја има 21 бод на 16. место во Ла Лига.