Кога размислуваме за бракот,првата асоцијација што ја имаат сите е дека тој е заедница составена од две лица. Сепак, се чини дека ова не е пракса насекаде. Едно необично семејство кое себеси се нарекува „Полиаморозна четворка“ живее сосема нетипичен живот и малкумина можат да останат имуни на нивната приказна.Она што дополнително ја комплицира целата приказна е тоа што имаат деца. Како што тврдат, тие всушност немаат поим кој точно е татко на двете најмали деца во нивното необично семејство. Освен двете најмали деца, во семејството живеат и две постари, на возраст од седум и осум години. Нивните родители се Алиша и Тајлер Роџерс, кои имаа деца пред да стапат во полиуморна заедница со пријателите Шон и Теа Хартлес.„Сакавме да направиме сè што е можно за да бидеме сигурни дека сите се чувствуваат како еднакви родители. Во овој момент, генетиката нема да промени ништо“, рече Теја, додавајќи дека ќе ги поддржи децата доколку еден ден сакаат да знаат сè за нивните биолошки родители. Спијат заедно во кревет и имаат план за тоаЗаедно се вселиле во домот во 2020 година, а една година подоцна, Теја и Алиша се породиле со разлика од седум месеци. И двете родиле машки деца и се сметаат за мајки на двете.Сите спијат заедно, но понекогаш особено партнерите. Ако еден пар сака малку време сами, ќе го објави во групниот разговор. Во едно видео тие покажаа како во секоја комбинација се будат еден до друг.„Нашата врска дојде природно, но бараше многу работа. Да ми кажеше пред четири години дека ќе бидеме во полиаморна врска со четири деца, ќе ти се насмеев во лице. Немав поим дека тоа ќе биде најдоброто нешто што ни се случило некогаш, те сакам засекогаш“, му рекла Теја на својот сопруг Шон.
Пронајдете не на следниве мрежи: