Четворица македонски мотористи со бодови на мотокросот „Поморие 2013″

Четворицата претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) освоија значајни бодови на почетокот од сезоната на трката од Европскиот и отворениот Источно-европскиот шампионат за мотокрос за 2013 година, натпреварувања што се одржаа изминатиов викенд на патеката крај Поморје, во соседна Бугарија.

 Рекорден број од 124 натпреварувачи од десет држави поделени во шест класи учествуваа на натпреварот кој се одржа на патеката Порој крај Поморие.
Во најсилната класа МХ1 искусниот Гоце Томовски покажа дека се враќа во форма по повредата и успеа да биде на 6-то место во двете возења и освои вкупно 30 бодови. Победник во оваа класа беше домашниот натпреварувач и шампион од минатогодишниот отворен Источно-европскиот шампионат, Николај Јовчев и со тоа ја најави одбраната на титулата.
Најмладиот наш претставник, деветгодишниот Лука Ристевски одлично се снајде против постарите натпреварувачи од класата ЕМХ65. Во првото возење тој стигна до 16-то место, додека во второто возење успеа да се пробие на 11-то место. Со вкупно 15 бодови Ристевски е моментално на 14-то место од генералниот пласман во конкуренција од 21 учесник. Победник беше Игор Кухарчук од Молдавија.
Во класата ЕМХ85 меѓу 26 натпреварувачи што стартуваа имавме двајца наши мотоциклисти: Христиан Станковиќ и Андријан Ристевски. Станковиќ во првото возење беше 15-ти, а во второто го подобри пласманот и заврши како 12-ти освојувајќи вкупно 15 бодови. Ристевски беше 14-ти во првото возење, но во второто во борба за позиција имаше пад и потоа мораше да се задоволи со 20-то место. Тој освои вкупно 8 бодови. Најдобар во класата ЕМХ85 беше романскиот претставник Кристијан Томпа.
Овој натпревар во Бугарија беше последен тренинг за македонските претставници пред настапот на „Гран При Македонија 2013″ кој ќе се одвива на 30-ви и 31-ви март на патеката Милци крај Гевгелија.
Макфакс
Четворицата претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) освоија значајни бодови на почетокот од с

Пронајдете не на следниве мрежи: