Четворица патници изгореа во судар на автобус и камион кај Куршумлија

Утрово околу 06:45 часот дошло до тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ниш – Приштина кај селото Барлово, во близина на Куршумлија, при што загинале четворица патници, а има и повеќе повредени.
Во сообраќајната несреќа учествувале камион и автобус на “Ниш–експрес“ кој при несреќата се запалил, соопштија од српската полиција. Во неофицијалните информации се вели дека меѓу загинатите се возачите на автобусот и камионот.
Сообраќајот е во прекин, а полицијата работи на расчистување на случајот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.