Четврти ден потрага по малата Данка: На терен се специјалистички спасувачки екипи!

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско Поље кај Бор и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред од кои во вторникот исчезна двегодишното девојче Данка Илиќ, соопштуваат српските медиуми.

Екипите се состојат од 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче спасител, соопшти МВР.

Припадниците на МВР во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот. Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината мајка. Девојчето има кафена коса, кафени очи, а висока е околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.

Пронајдете не на следниве мрежи: