ЧЕТИРИСЕТ И СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИРИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Четириесет  и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите против францускиот предлог, пренесоа повеќе медиуми вечерва после потврда од МВР.

Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата.

Од повредените припадници на полициските сили 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, известија од МВР. 

Пронајдете не на следниве мрежи: