Четири видови намирници кои често ги јадеме на празен стомак, а – не смееме!

Ако некогаш или често имате проблеми со желудникот и варењето, обидете се да избегнувате четири видови намирници на празен желудник.
Зеленчук
Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали.
Сепак, не се препорачува за појадок, бидејќи сировиот зеленчук е вистински предизвик за вашето варење, особено кога го јадете на празен стомак.

Јогурт
Ако имате чувствителен стомак, појадокот кој вклучува јогурт може да ви биде тежок.
Имено, јогуртот содржи здрави млечни бактерии, кои, за жал, не стигнуваат до цревата, бидејќи празниот стомак ги убива со својата киселина. Што помага?
Доволно е да изедете неколку јаткасти плодови, парче авокадо или лажица снегулки, за да не ви биде празен желудникот.
Банана


Банана на празен стомак наеднаш го зголемува нивото на шеќер во крвта, но и тоа ниво многу брзо опаѓа. Ова може да резултира со ненадеен напад на глад во текот на денот.
Цитруси
Чаша свежо цеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика непријатност.
Единствен исклучок е вода со лимон, бидејќи сокот од лимон е доста разреден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.