Четири земјотреси за половина час, два со јачина од 4,5 и разлика од само 2 минути!

Четири земјотреси за помалку од половина час во Албанија, јавува репортерот на Тв21 од Драч, Албанија.
Првиот од серијата е во 23:50 со јачина од 4,5 степени по рихтер и вториот само 2 минути подоцна со јачина од 4,4 степени.
Како што јавува репортерот на ТВ21 од Драч епицентарот е на длабочина од само 2km и сите жители ги напуштиле куќите.
Следните два земјотреси се регистрирани на 2 минути по полноќ со јачина од 3,7 степени и вториот во 00:12 со јачина од 3 степени.
Овие четири земјотреси се силно почувствувани и западна Македонија, што покажува и извештајот од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.