Нема родител којшто некогаш не се запрашал: „дали сум доволно добар родител за своите деца“? Ваквите и сличните сомнежи ги мачат повеќето родители. Доколку и вие сте еден од нив, овие знаци може да ви помогнат да ги решите дилемите.
Доколку го кренете гласот на вашето дете, тоа не значи дека сте лош родител.
Овие знаци покажуваат дека сте добра мајка.
Децата трчаат кон вас кога сте повредени
Кога вашето дете е повредено, плаче или е вознемирено – дали трча кон вас? Дали бара утеха, внимание и прегратка? Ако вие сте тие кои ги тешите и со вас се чувствуваат сигурно, тогаш правите одлична работа.
Децата ве викаат преку ноќ
Кога вашите деца имаат кошмари или им е страв преку ноќ ве викаат. Сакаат некој кој ќе ги смири, кој ќе им каже дека сè ќе биде во ред и се грижи за нив.
Децата гледаат кон вас кога се чувствувате нервозно
Кога вашето малечко се чувствува нервозно или непријатно, сака да ве види. Тоа е огромна улога која мајките ја имаат и на тој начин им давате самодоверба.
Разговараат со вас
Сите сакаме да бидеме родители кои слушаат и нашите деца да разговараат со нас. Сакаме децата да се чувствуваат сигурно и да разговараат со нас за своите проблеми.